Репрезентативците во посета на „Спортскиот музеј на гордоста“ во „Бир Гарден“ во Скопје (ВИДЕО/ ФОТО)

Македонските репрезентативци Столе Димитриевски и Александар Трајковски, заедно со селекторот Благоја Милевски, искористија денеска дел од слободните мигови низ подготовката за квалификацискиот септемвриски натпревар со Лихтенштајн кој на 7 септември го играме на националната арена „Тодор Проески“, да го посетат веќе препознатливиот единствен бренд од ваков тип во Македонија, „Спортскиот музеј на гордоста“ во Скопје.

Првите луѓе на „Beer Garden“, изминатиов период реализираа повеќе од племенита идеја која ги воодушеви сите љубители на спортот во Македонија,  претворајќи го спортскиот бар во рамките на трговскиот центар „Дајмонд мол“ во вистински „Спортски музеј на гордоста“. За првпат Македонија во својата независна историја има спортски простор и музеј од ваков тип!

Па, Милевски, Димитриевски и Трајковски денеска беа пречекани од сопствениците Јовица Николовски, Александар Китановски и Иван Ташковски, оставајќи свој печат и траг во дел од катчињата на спортскиот бар „Beer Garden“ во Дајмонд Мол.

 

Спортскиот бар и музеј, кој е проткаен со бројни оригинални дресови, реквизити и трофеи на најголемите спортски имиња во историјата на македонскиот спорт, е веќе традиционално собиралиште на најголемите спортски фанови во земјава, каде активно, на повеќе од 40 екрани во живо се следат и најголемите домашни, европски и светски случувања…

Се вчитува...