Репрезентативците го одработија тренингот на „Авива“ – Ветуваат поправање на впечатокот од Данска (ВИДЕО/ ФОТО)

ЕКИПА во Даблин, Р. Ирска

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Авива стадионот“ во Даблин пред утрешниот пријателски натпревар, во дуелот меѓу двете поразени селекции од полуфиналето на баражот за  пласман на СП 2026.

„Нема неважен натпревар, кога е во прашање националниот дрес“ – е генералната порака од македонските репрезентативци кои најавуваат максимална борба и жар на терен во желбата да се поправи лошиот впечаток од Данска.

Од националниот табор, преку овој дуел, најавуваат можност за нов почеток, нова изградба на тим низ следните неколку месеци кој од септември ќе го носи товарот во Лигата на нациите. А, се тоа треба да почне утре во Даблин со пресметката против Ирците…

Се вчитува...