Репрезентативците кон Белгија: „Полни кофери“ оптимизам за нов мундијалски лет (ФОТО)

Македонските репрезентативци попладнево со чартер лет од скопскиот аеродром заминаа за Белгија каде во петок (10 октомври) во Гент против една од најсилните светски селекции ги очекува одлучувачкиот натпревар во битката за првото место

Нов мундијалски лет на избраниците на Благоја Милевски, кои од лидерската позиција во групата ја очекуваат пресметката со Белгијците.

Низ максимално позитивна атмосфера, со „полни кофери оптимизам“ фудбалерите заминаа на летот за Белгија верувајќи дека може со уште една квалитетна претстава во квалификациите за СП 2026 да дојдат до нов позитивен резултат со кој до крај ќе останат во трката за првото место во групата кое носи директно на Мундијалот во САД, Канада и Мексико следната година.

Се вчитува...