Македонските репрезентативци попладнево со чартер лет од скопскиот аеродром летаат за Прага каде во сабота (14. октомври) од 15 часот ги очекува квалификацискиот натпревар против Украина за пласман на ЕВРО 2024.
Избраниците на Боби Милевски во крајно позитивна атмосфера отпатуваа денеска за главниот град на Чешка каде судбината сакаше да се крои „судбината“ на овој наш квалификациски циклус.
Со триумф против Украинците во сабота, Македонија дефинитивно останува сериозно во трката за втората позиција на табелата која води на Европското првенство 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА