Македонската репрезентација под водство на селекторот Боби Милевски попладнево означи старт на подготовките за октомврискиот циклус од Лигата на нациите, и пресметките против Летонија во Рига и против Ерменија во Ереван.
Максимално позитивна атмосфера на првиот ден од собирот меѓу репрезентативците кои најавија и максимална борба за бодовите од овие два натпревари со кои Македонија ќе остане на врвот од табелата во групата од Ц лигата.
Единствено поради повреда откажа Александар Трајковски, а неизвесен е настапот и на Дарко Чурлинов кој се повреди на вчерашниот настап за Јаголенија против Легија во полското првенство.
Македонската селекција ќе одработи два тренинга во Скопје, вечерва и утре наутро, по што утре од 16 часот со чартер лет заминува за Рига пред дуелот со Летонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА