Репрезентативците под „полна пареа“ низ подготовките за Белгија (ВИДЕО/ ФОТО)

Македонската репрезентација од синоќа активно ги реализира подготовките за престојните две квалификациски натпревари против Белгија и против Казахстан, одлучувачките во битката за првото место на табелата во групата кое води директно на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Избраниците на Благоја Милевски низ максимално позитивна атмосфера ги очекуваат двата дуели, пред се концентрирани на пресметката со големиот фаворит Белгија во Гент која ја играме на 10. октомври.

Сосема е јасно дека Белгијците, како една од најдобрите светски селекции, се огромни фаворити на домашен терен, но и составот на Милевски низ актуелниот квалификациски циклус отворено демонстрираше дека и тоа како има свој капацитет за максимално надигрување со секој противник на теренот.

 

Националниот тим уште денеска и утре претпладне ќе реализира тренинзи во Скопје, а утре попладне е заминувањето за Белгија каде ќе се реализираат финалните подготовки за дуелот во петок (10 октомври).

Се вчитува...