Репрезентативците се селат во Струмица на финални подготовки за мечот со Ерменија

Македонската репрезентација од утре се сели на југот од земјава, во Струмица, каде ќе бидат реализирани финалните подготовки за пријателскиот натпревар против Ерменија кој се игра во вторник (17. октомври) на стадионот „Благој Истатов“.

Националниот тим утре од 14:30 часот на „Благој Истатов“ ќе го одработи и официјалниот тренинт пред пријателскиот дуел со Ерменците.

Фудбалерите на Ерменија кои се пристигнати во Скопје, исто така утре се префрлуваат во Струмица, а од 17 часот ќе го одработат својот официјален тренинг пред пресметката во вторник.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија во вторник (17. октомври) на „Благој Истатов“ во Струмица се игра со почеток од 15 часот.

Цената на билетите за натпреварот изнесува 200 денари, и може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets и на билетарата во спортската сала во Струмица.

Се вчитува...