Репрезентативците се собираат за квалификацискиот меч со Украина (ВИДЕО)

Селекторот Благоја Милевски денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје го означи почетокот на подготовките за квалификацискиот натпревар против Украина кој се игра на 14. октомври во Прага.

Репрезентативците се собираат за дефинитивно клучниот натпревар во овој квалифкациски циклус, преку кој Македонија, со победа, до крај ќе остане во трката за една од двете водечки позиции во групата кои водат на ЕВРО 2024.

Јасно е дека сериозно позитивна атмосфера владее во националниот тим по одличниот септемвриски собир и двата квалитетни натпревари со Италија и со Малта. Сето тоа носи мотив сега за ново квалитетно издание против Украинците на дуелот кој се игра од 15 часот на 14. октомври во Прага…

Се вчитува...