Репрезентативците се собраа за старт на подготовките за Белгија и Казахстан (ВИДЕО)

Македонската репрезентација денеска го означи стартот на подготовките за престојните два јунски квалификациски натпревари против Белгија и против Казахстан за пласман на СП 2026.

Во хотелот „Хилтон“ во Скопје, селекторот Благоја Милевски ја имаше првата прозивка за стартот на собирот на кој поради повреди ќе ги нема Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили, а единствен дебитант е Стефан Деспотовски од српскиот суперлигаш ОФК Београд.

Веќе денеска од 18:30 македонската селекција ќе стартува и со првите тренинзи.

Се вчитува...