Македонската фудбалска репрезентација ги продолжи подготовките за вториот пријателски натпревар на јунскиот собир, повторно на гостински терен, овој пат против Чешка на 10. јуни.
Репрезентативците попладнево на тренинг центарот на ФФМ во Скопје се вратија на обврските, овој пат свесни дека ќе мора да се поправи впечатокот од изданието против Хрватска во Ријека.
„Ќе мора да одиграме многу похрабро во Чешка. Знаеме дека можеме многу повеќе од тоа што беше прикажано во Ријека. Јунскиот собир секогаш е специфичен затоа што доаѓа на крајот од сезоната, но свесни сме дека мора да дадеме многу повеќе во националниот дрес“ – беше едногласниот коментар на фудбалерите на денешниот тренинг на Комплексот Куќа на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА