По еднодневниот одмор македонските репрезентативци се вратија на терен… Сега со финалните подготовките за утрешниот натпревар од Ц-лигата во Лигата на нации против Естонија кој од 15 часот го играме на националната арена „Тодор Проески“.
Не е сеедно како ќе се заврши трката и низ актуелнава сезона во Лигата на нации. За тоа се повеќе од свесни избраниците на Игор Ангеловски, па токму затоа максимално сериозно мора да се мине и низ оваа финална фаза од ноемврискиот собир.
Македонија против Естонија утре, и против Ерменија на 18. ноември во Кипар, ќе биде дополнително ослабена без капитенот Пандев, без Адеми, голманот Димитриевски и без Алиоски… Но, повеќе од сигурно има мотив и желба кај репрезентативците со две победи да се заврши циклусот. На тренингот се врати и Кире Ристевски кој е со негативен тест на коронавирусот, иако претходно отпадна за Грузија поради позитивен тест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА