Од Вадуз, Лихтенштајн
Никола Ѓуровски
Македонската репрезентација попладнево пристигна во Лихтенштајн каде утре од 20:45 часот не очекува петтиот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство во Русија.
Низ максимално позитивно расположение се очекува пресметката со најслаборангираната репрезентација во нашата група, со единствен императив да се стигне до првите три бода.
„Треба да бидеме мудри и да се наметнеме и на теренот како фаворити. Не бегаме од нашата фаворитска улога, но секако дека ќе треба и да ја оправдаме. Доколку ги испочитуваме задачите од селекторот мислам дека ќе успееме да стигнеме до посакуваниот триумф. Од самиот старт треба да притиснеме и ќе биде полесно доколку во раната фаза од мечот први го отвориме резултатот“ – изјави Бесарт Ибраими за ЕКИПА, веднаш по пристигнувањето во Вадуз.
Во 18:30 часот македонскиот национален тим ќе го одржи официјалниот тренинг на стадионот „Рајнпарк“ во Вадуз. Атмосферата е позитовна и сите очекуваат прв триумф во квалификациите. Селекторот Игор Ангеловски веќе ги средува впечатоците а за стартните единаесетмина ќе одлучи по тренингот. Ќе зависи и од одлуката на делегатот околу настапот на Стефан Спировски и неговата лонгета на повредената рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА