Репрезентативците заминаа кон Манчестер на пресметка со Англичаните (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Македонија попладнево заминува за Манчестер, каде што во понеделник го игра третиот квалификациски натпревар во групата Ц за пласман на ЕП 2024 година против Англија.

Полни трибини на славнииот „Олд Трафорд“ ќе ги чекаат македонските репрезентативци на пресметката со силните Англичани, кои знаат само за победи во групата, и се главни фаворити за освојување на првото место во групата. Тие веќе ја совладаа Италија на гостински терен.

Македонија во доцните попладневни часови ќе пристигне во Манчестер, а утре ќе го има официјалниот тренинг на стадионот на Манчестер Јунајтед.

Дуелот во понеделник е закажан за 20:45 часот.

Се вчитува...