Репрезентациите до 19 и до 17 години ги добија противниците во квалификациите за ЕП

Репрезентациите на Македонија до 19 години и на Македонија до 17 години на извлекување во Нион, Швајцарија ги добија противниците во група за пласман во Елитна фаза квалификации за место на Европско првенство.
Македонската репрезентација до 19 години ќе се соочи со Португалија, Белгија и Естонија во групата 11 за пласман во Елитната квалификациска фаза за Европското првенство во Велс. Квалификацискиот турнир ќе се одигра од 12. до 18. ноември 2025 година, а домаќин ќе биде Португалија.
Македонската репрезентација до 17 години е во групата 2 заедно со селекциите на Чешка , Унгарија  и Гибралтар.

Се вчитува...