Репрезентација на CS:GO доминатно до европскиот трон! (ФОТО)

Македонија има европски шампиони откако репрезентацијта на CS:GO доминатно стигна до првото место во Европскиот Куп на Нации. Јане (aidKiT) Апостолоски, Дамјан (kyxsan) Стоилковски, Даниел (dan1) Глигоров, Павле (stYleEeZ) Стојановски и Кристиан (Cryveng) Трпкоски се „црвено-жолтите“ херои кои на македонската еспорт федерација и го донесоа првиот трофеј во својата историја.

Македонците по триумфот на Хрватска во полуфиналниот меч, во финалето славеа со 2-0 во мапи против Романија со што доминатно стигнаа до големиот трофеј.

„За прв пат во историјата на Македонската Еспорт Федерација и македонската CS:GO сцена, освојуваме прво место на меѓународен настан.

Желба за победа, мотивација, тимска игра и фокус на македонската кантер репрезентација се резултат за ова одлично одиграно европско првенство!

Би сакале да им честитаме на нашите момци за успехот и да им посакаме повеќе среќа на претстојното Светско Првенство каде што се надеваме дека ќе не израдуваат повторно“, напишаа од федерацијата.

Се вчитува...