Кристијан Николов е во Скопје, и по доаѓањето од Турција веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб на „црвено-жолтите“ предводен од Александар Јончeвски.
Искусниот плејмјекер, кој сега ќе го носи дресот на турскиот прволигаш Коња, во одлично расположение го дочека враќањето во националниот тим.
„Имаме нов селектор и ова е нов предизвик за сите нас. Секако е дека ќе дадеме се од себе, тука сме секогаш за националниот дрес. Можам да кажам дека ќе се бориме до крај и дека ќе одиме на што е можно подобри резултати. Ние посакуваме победи на двата меча. Оваа Македонија која ја имаме сега можеби е најкомплетната во изминатиот период“ – вели Николов.
„Ни недостасуваат неколку играчи, тоа е точно, но досега сме можеби најкомплетната репрезентација која сме ја имале, барем од таков поглед. Нашите мисли се насочени кон Данска, сега сите играат кошарка, сите напредуваат и сакаат да победат. Нема да ни биде воопшто лесно, но ние тука сме да одиграме максимално и да изгинеме за секоја топка затоа што играме за Македонија“ – истакна Николов непосредно пред неговиот прв тренинг во подготовките за средбите со Данска на 25. август во Нествед, и на 28. август против Словачка во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА