Репрезентацијата денеска се сели во Амстердам

По завршувањето на етапата во Букурешт, македонската репрезентација денеска со чартер лет од романската престолнина во 11 часот се упатува за Амстердам каде на 21. јуни ја очекува последниот натпревар на ЕВРО 2020 против Холандија.

Македонија е без шанси за место во вториот круг на Европското првенство кој беше зацртан како амбиција и план на стручниот штаб за овој шампионат. Но, во Амстердам фудбалерите ќе играат за себе и за одбрана на македонскиот фудбал.

Се вчитува...