Македонската репрезентација до 16 години ја победи Ерменија со 2-1 на првиот од двата предвидени контролни натпревари, кој се одигра на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ со пресврт во второто полувреме ја запишаа првата победа во двомечот со младите ерменски фудбалери. Кире Трпчевски во 51. минута и Куштрим Таири во 61. минута беа стрелци за нашата репрезентација. Гостите од 20. минута преку Петросујан го отворија резултатот на средбата.
Македонија настапи во следниот состав Матеј Андов, Борис Јакимовски, Ален Личина, Емил Скоко, Кристијан Трпчевски, Божидар Митревски, Кире Трпчевски, Амар Колашинац, Ибраим Ариф, Агон Елези, Бефтијар Бесир, а играа уште и Таири, Новевски, Јусуфов, Арсовски и Тошевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА