Македонската репрезентација до 17 години одигра без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина во воведното коло од УЕФА мини квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза.
Првото полувреме не понуди добар фудбал, се играше доста борбено, пред се на средината на теренот. И двете репрезентации на моменти се обидуваа да се заканат по двата гола, меѓутоа Качавенда и Андов немаа потреба во ниту една ситуација да интервенираат. Во првиот дел неколку добри потези имаше Јусуфов, крилниот фудбалер на Македонија кој и правеше најмногу проблеми на противничката одбрана.
Во продолжението од мечот нешто поотворена игра, особено на селекцијата на Босна и Херцеговина. Во воведните минути од второто полувреме, противникот преку Баџак и Хериќ се закани по нашиот гол. Пред самиот крај и Шариќ имаше добра прилика, меѓутоа без завршница. Избраниците на селекторот Станиќ одиграa добар натпревар, пред се во одбраната, противникот немаше премногу простор за игра. Конечни 0:0.
Во нашата група, на стадионот „Борис Трајковски“ во истиот термин беше одигран и мечот помеѓу селекциите на Молдавија и Словачка. Во вториот натпревар од Групата 8 во рамките на квалификацискиот турнир, Словачка издвојува сигурна победа од 2-0.
МАКЕДОНИЈА – БиХ 0-0 (0-0)
МАКЕДОНИЈА: 1. Матеј Андов 3. Ален Личина 4. Божидар Митревски 5. Ване Тасевски 6. Суад Јонузи 7. Кире Трпчевски ( 2. Кристијан Трпчевски ) 8. Агон Елези 11. Ален Јусуфов ( 15. ВладаНовевски ) 14. Емил Скоко 16 Димитар Тодоровски 20. Џемаил Ибиши ( 9. Давид Тошевски ); Селектор: Горан Станиќ;
БиХ: 1. Лука Качавенда 2. Елвир Муминовиќ 3. Дино Исламовиќ 5. Стефан Ранкиќ 6. Роберт Володер 8. Андреј Џокановиќ 10. Ајдин Хасиќ 11. Денил Баџак 16. Иван Шарќевиќ 19. Елмин Хериќ ( 13. Немања Николиќ ) 20. Армин Шариќ; Селектор: Сакиб Малкоќевиќ;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА