Репрезентацијата до 18 години ремизираше (1-1) со Унгарија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години ремизираше (1-1) на пријателскиот натпревар против Унгарија одигран на стадионот на Македонија ЃП.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа добар натпревар, со неколку добри прилики и за триумф кои останаа нереализирани.

Противникот прв го отвори резултатот на овој меч со гол од пенал во 23. минута, Унгарија поведе со 1-0. Македонија напаѓаше во првото полувреме, создаваше шанси, но без реализација. Првата голема можност за гол ја имаше Љубевски. Манојлов исто така се најде во одлична прилика, но немаше среќа да погоди.

Офанзивната и добра игра, селекцијата на Македонија ја продолжи и во второто полувреме. Тоа вроди со плод, капитенот Мелиќи постигна погодок за израмнување на резултатот во 55. минута, по една одлично изработена акција.

Контролен дуел на репрезентации до 18 години

Македонија – Унгарија  1:1 (0:1)

Македонија: Славе Вргов, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Синани Милот, Анес Мелиќи, Теодор Хаџи Попоски, Тарик Демишоски, Максимилиан Димитријевски, Алтил Алији, Никола Манојлов, Давид Матески;

Резервни фудбалери: Амар Хаџибулиќ, Бојан Ивчески, Алмир Подграѓа, Андреј Силјаноски, Матеј Гаштаров, Алтин Нурединовски, Јован Постолов, Давид Ристовски;

Селектор: Вујадин Станојовиќ;

Се вчитува...