Македонската репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски, иако во некомплетен состав, денеска ги почна подготовките за стартот на новата сезона од Лигата на нации.
На првиот тренинг попладнево на стадионот на комплексот „Куќа на фудбалот“, недостасуваа Алиоски, Барди, Трајковски, Димитриевски… кои дополнително ќе се приклучат на националниот тим, но оние кои беа на располагање низ максимален ритам уште од самиот старт на подготовките.
Македонија во првиот меч од новата сезона во Лигата на нации, на 2. јуни гостува на Бугарија во Разград која е носител во нашата група. Потоа на 5. јуни следи гостувањето против Гибралтар, на 9. јуни е мечот со Грузија во Скопје и на 12. јуни дуелот со Гибралтар во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА