Репрезентацијата на Гана добива сериозно засилување

Во Англија владее „пеколна“ конкуренција кога станува збор за нападот, па така напаѓачот на Арсенал Еди Нектиа, размислува да ги смени националните бои, и во иднина да настапува за Гана, земја од која се неговите родители.

Нкетиа и натму нема официјален натпревар за „Гордиот Албион“, а во меѓувреме стигна повик од Гана.

Напаѓачот директно беше повикан од селекторот Крис Хјутон, Англичанец кој долго време работеше во Премиерлигата, и добро ги познава квалитетите на напаѓачот на Арсенал.

Сег се прашува исклучиво Нкетиа, кој треба да одлучи дали ќе го смени спортскиот пасош, и во иднина ќе игра за Гана, или ќе ја чека шансата за Англија. Гана во своите редови веќе го донесе Ињаки Вилијамс, кој откако не доби шанса за Шпанија, се одлучи да игра за африканската селекција.

Се вчитува...