Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево патува за Вадуц, каде нашите најдобри фудбалери ќе се подготвуваат за саботниот дуел со домаќинот Лихтенштајн, во првото коло од квалификациите за СП 2026.
„Црвено-жолтите“ го искористија краткото време за подготовки во Скопје, работејќи во траорна атмосфера поради големата трагедија во Кочани, но заедничка желба на сите фудбалери и членови на стручниот штаб е – со победа в сабота да се донесе барем малку радост на нацијата во овој исклучително тежок период за целиот народ.
Селекторот Милевски остана и без услугите на Стефан Ашковски откако претходно поради повреди отпаднаа и Ќамили и Ристовски, а како ново име повикан беше Давид Тошевски.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија е закажан за сабота во 15 часот. Нашата експедиција веднаш потоа ќе се врати назад и ќе продолжи со подготовки за премиерниот домашен меч во овие квалификации, што избраниците на Милевски ќе го играат во вторник против Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА