Македонската репрезентација од денеска се комплетираше на собирот пред двата јунски натпревари против Турција на 5. јуни и против Шпанија на 11. јуни во квалификациите за СП 2018.
Од утрово селекторот Игор Ангеловски во „погон“ го приклучи и ударниот напаѓачки двоец на селекцијата, Горан Пандев и Илија Несторовски. По двете претходни победи, и двајцата сега веруваат дека Македонија може да продолжи со добрите игри, без разлика што не очекуваат два тешки противници. На подготовките дополнително останува да се приклучат наредниве денови уште Езгијан Алиоски, Стефан Ристовски и Кире Ристевски.
„Најзначајно е што атмосферата во селекцијата е навистина одлична. Претходните две победи ни даваат дополнителен мотив за квалитетно издание и на овие два пријателски дуели. Сега сите мисли се насочени кон мечот со Турција. Без разлика што е пријателски дуел, ќе одиграме максимално ангажирано со отворена желба за позитивен резултат“ – вели Несторовски.
Натпреварот со Турција на 5. јуни на „Телеком арената“ во Скопје се игра со почеток од 19:45 часот. Билетите се пуштаат од денеска во продажба, по цена од 100, 200 и 400 денари.
[new_royalslider id=”664″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА