Репрезентацијата се собра за Грузија и за Бугарија: Милевски без дури 8 фудбалери кои беа за мечевите со Италија и со Португалија во март (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација денеска го означи првиот собир за подготовките за последните два натпревари од Лигата на нации против Грузија (23. септември) во Тбилиси и против Бугарија (26. септември) во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски попладнево на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го одработи и првиот тренинг, пред утрешното комплетирање на селекцијата.

Македонија пред последните два натпревари во групата се соочува со сериозни проблеми поради бројните повреди во тимот, но и отсуството на дел од досега стандардните репрезентативци кои не се во тренажен процес поради ненавремено реализиран трансфер.

Интересно, Милевски за септемврискиот собир ќе нема дури осум фудбалери кои беа во комбинација за мартовски натпревари со Италија и Португалија во баражот за СП 2022. Поради повреди, во однос на дуелите со Италија и со Португалија, сега ќе ги нема Стефан Ристовски, Тихомир Костадинов, Дарко Чурлинов, Валон Етеми и Ердон Даци, а ќе недостасуваат и Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски кои недомна пронајдоа нови клупски средини или се уште се без клуб.

Во секој случај, денеска позитивна атмосфера на првиот тренинг на кои присуствуваа и Димитриевски, Муслиу, Велковски, Елмас, Барди, Алиоски, Ристовски, Трајковски…, кои треба да бидат темелот на националниот тим низ престојните два натпревари.

 

Се вчитува...