Машката ракометна репрезентација утре стартува со подготовките за двата завршни натпревари од квалификациите за ЕП 2018, против Украина и Чешка. Во првите неколку дена, селекторот Раул Гонзалес ќе ги нема на располагање сите 20 повикани репрезентативци. Поради клупските обврски, на националниот тим со неколку дена задоцнување ќе му се приклучат капитенот Кире Лазаров и голманот Борко Ристовски, а ќе доцнат и репрезентативците што играат во Германија – Филип Миркуловски, Дејан Манасков и Филип Талески.
На Лазаров и на Ристовски со Барселона во наредните денови им претстои настапот во завршницата на шпанскиот „Копа дел реј“. На 9 јуни Барселона го игра полуфиналето против Хуеска, а
„Гермаците“ ги играат последните натпревари од Бундес лигата. Во претпоследното коло денеска Талески и Мансков со Рајн Некар Левен ќе му гостуваат на Вецлар и на Миркуловски. Македонските репрезентативци во Гермајија, последните натпревари ги играат на 10 јуни кога Рајн Некар Левен го пречекува Мелсуинден, а Вецлар игра во гости против Фленсбург, а потоа ќе и се приклучат на репрезентацијата во подготовките за завршните квалификлациски дуели.
Натпреварот против Украина е на 15 јуни во Суми, а во последниот натпревар од овој квалификациски циклус, македонската репрезентација на 18 јуни во Скопје ја пречекува Чешка. Последните две кола ќе бидат решавачки за конечната разврска во групата 4 во која по првите четири кола, сите четири репрезентации (Чешка, Македонија, Исланд и Украина) имаат по четири бода. Пласман на ЕП 2018 во Хрватска обезбедуваат првите две селекции во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА