Четвртфиналето во Лигата на шампионите ја носи репризата од минатогодишното финале. Ќе се сретнат италијанскиот првак Јувентус и актуелниот европски првак Реал Мадрид. Така одреди амбасадорот на наредното финале на ЛШ кое ќе се одигра во Киев, Андриј Шевченко.
Се чини дека најсреќни при ждребот беа Барселона и Баерн Минхен. Каталонскиот тим ќе се сретне со Рома, додека Севилја ќе ги одмери силите со Баерн Минхен.
Ќе има и англиска пресметка. Ливерпул си закажа двомеч со Манчестер сити. Мечевите ќе се играат на 3/4 април, а на реваншите се 10/11 април.
ДВОЈКИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ЛИГА ШАМПИОНИ
БАРСЕЛОНА – РОМА
СЕВИЛЈА – БАЕРН МИНХЕН
ЈУВЕНТУС – РЕАЛ МАДРИД
ЛИВЕРПУЛ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА