Република Ирска има нов фудбалски селектор

Мик Мек Карти е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Република Ирска. Тој доаѓа на местото на местото на Мартин О’Нил, кој беше разрешен од должноста минатата седмица по слабите резултати со националниот тим. Мек Карти беше предводник на оваа селекција во периодот од 1996 до 2002 година, вклучувајќи го и мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

„Восхитен сум што повторно добив шанса да бидам селектор на фудбалската селекција на Република Ирска. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, изјави Мик Мек Карти.

Ирците веќе знаат и кој ќе го наследи Мек Карти. По две години, селекторот на А-тимот ќе стане Стивен Кени, сегашниот селектор на младата фудбалска репрезентација до 21 година.

Се вчитува...