Владо Недановски успеа да го одбрани куп-трофејот со Вардар откако „црвено-црните“ во драматичното финале славеа над големиот ривал Еурофарм Пелистер со минимални 26-25.
Со овој триумф, „вардарци“ се одмаздија за поразот во плејофот претрпен минатиот викенд, а скромниот Недановски ја искористи можноста да им се заблагодари на битолчани за прекарот што му го дале – ресенскиот Мурињо.
„Би сакал пред камерите да ги поздравам битолските навивачки кои ме нарекоа ресенски Жозе Мурињо, воедно им благодарам. Среќни сме што победивме, Вардар мораше да го освои овој трофеј, не можевме да останеме без пехар. Оваа сезона се уште не е завршена, се може да се случи, но ние го заслуживме куп-трофејот. Во споредба со последниот дуел, во Битола притисокот беше поголем полна сала, бевме и правевме бројни технички грешки. За разлика од тој дуел, сега бевме подобро подготвени, како во одбраната така и во нападот“, изјави Владо Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА