Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за престојните два натпревари во септемврискиот циклус, односо пријателскиот меч против Саудиска Арабија во Прага на 4. септември, и квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн во Скопје на 7. септември.
На списокот има две нови имиња. Станува збор за играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот на Тун, Елмин Растодер. Останатите се речиси истите кои играа во првите квалификациски натпревари за пласман на СП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

