Решат Рамадани: Лудогорец е фаворит, а наше е да одиграме најдобро што можеме

Играчот од дефанзивниот дел на средниот ред на Шкендија Решат Рамадани, пред утрешниот меч со Лудогорец вели дека противникот е фаворит, но дека неговиот тим ќе одигра најдобро што може.

Шкендија откако испадна од игра за групната фаза во Лигата на шампионите, сега се ориентира кон второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа, а за такво нешто мора да го мине бугарскиот шампион.

Се вчитува...