Спортот носи моменти кои вечно ќе останат запаметени, а во 2017 година од активно бавење со атлетика се прости најголемиот, богот на спринтот, Усаин Болт. На Светското првенство во Лондон сакаше да се прости со триумф во последната трка на 100 метри, но тоа не му го дозволи Џастин Гетлин.
А, потоа го стори потегот што долго ќе се раскажува. Клекна на колена пред богот на спринтот и порача дека токму Болт е најголемиот во историјата.
„Да не сонувам? Навистина ли го победив Болт? Го сторив тоа за себе, за моето семејство, за мојот тренер и за мојата држава. Не мислев дека ќе станам светски првак на 35 години. Дојдов да се забавувам и да видам колку можам, и уживам во секој момент. За Болт имам само зборови за величење. Тој е легенда, со сигурност е најбрзиот човек во историјата“, изјави Џастин Гетлин по изненадувачкиот триумф во трката на 100 метри на СП во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА