Вардар претрпе сериозни промени во играчкиот кадар во паузата поради коронавирусот, но историјата покажала дека „црвено-црните“ не треба никогаш да се отпишат кога станува збор за настапите во Лигата на Шампионите. Токму затоа, ЕХФ го смести и македонскиот првак на ранг-листата од десет фаворити пред стартот на новата сезона од ЛШ.
„Вардарци“ се наоѓаат на осмата позиција на оваа листа, како јасен знак дека сите ривали мора да бидат максимално претпазливи кога се среќаваат со „црвено-црните“ од Скопје.
„Десет играли си заминаа од Вардар, деветмина нови пристигнаа, што значи дека тренерот Алушевски ќе има полни раце работа. Вујин и Ристовски ќе донесат искуство што е многу значајно“, се вели во мини-анализата на ЕХФ за Вардар.
Првото место на оваа ранг-листа му припаѓа на Веспрем, тим кој се уште сонува за првата европска руна. Второрангиран е составот на Барселона, а зад каталонскиот гигант се наоѓаат Кил, ПСЖ, Киелце, Пик Сегед и Порто. Зад Вардар, оваа Топ 10 листа ја комплетираат Нант на Кире Лазаров и тимот на Брест Мешков, кој ќе им биде прв ривал на „вардарци“ во новата сезона од Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА