Рома и Ливерпул ќе водат војна за финале утре вечер на теренот на „Олимпико“, но фудбалерите на „волчицата“ повторно покажуваат огромен респект кон англискиот гигант.
Римјаните минатата недела веднаш по пристигањето во Ливерпул положија цвеќе пред споменикот за жртвите од „Хилсборо“, за денеска да се појават на тренинг во маици со порака „Форца Шон“ – како поддршка за навивачот на Ливерпул кој беше нападнат од двајца италијански тифози и се уште се наоѓа во животна опасност во клиника во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА