Ретеги и Брешанини блескаа, Аталанта го „збриша“ Лече (ВИДЕО)

Аталанта дојде до убедлива победа на стартот во Серија „А“, откако вечерва на гостувањето кај Лече, оствари триумф со 0-4. Блескаа Ретеги и Брешанини со по  два гола.

Резултатот го отвори Брешанини во 35. минута, а потоа Ретеги во самиот финиш од првиот дел донесе одлична предност од 0-2.

На стартот од второто полувреме Ретеги од пенал зголеми на 0-3, а Брешанини во 66. минута стави точка на оваа убедлива победа.

Се вчитува...