Ретки се фудбалерите кои добиле овации на противнички стадион: Роналдињо, Иниеста, Роналдо, а сега и Модриќ и Бензема

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ одигра маестрална партија во победата на Реал над Ливерпул на „Енфилд роуд“ од 2-5.

Во 47. минута од слободен удар Модриќ му асистираше на Милитао за 2-3, а во 67. акцијата ја започна акцијата која Карим Бензема ја круниса со гол за конечни 2-5.

Откако го напушти теренот Хрватот доби силни овации од навивачите на Ливерпул, нешто што се случува ретко на противничките терени. Заедно со него овации доби и Карим Бензема, кој постигна два гола за „кралевите“ при оваа убедлива победа.

Од поновата историја слично нешто доживеаја Роналдињо и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, Иниеста по освојувањето на мундијалот 2010 на сите стадиони во Шпанија, како и Кристијано Роналдо на мечот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Се вчитува...