Ретклиф без влакна на јазикот: Именуваше пет фудбалери кои „не се доволно добри или преплатени“

Газдата на Манчестер Јунајтед, Сер Џими Ретклиф во интервју за „Би-би-си“ отворено говореше за трансфер „промашувањата“ кои тој и неговото раководство ги наследиле од минатото.

Џејдон Санчо, Касемиро, Ентони, Расмус Хојлунд, Лисандро Мартинез и Андре Онана се имињата кои ги потенција Ретклиф како фудбалери за кои се уште се вршат одредени исплати.

„И ова лето ќе исплаќаме одредени бонуси за Санчо, Касемиро, Мартинез, Хојлуд, Онана, и тоа по околку 17 милиони фунти за секој. И да не направиме нови трансфери, се уште ги плаќаме нив. Тоа не е дугме кое можеме да го исклучиме. Тоа се работи од минатото, кои сакале или не, ги наследивме и мораме да се справиме со нив. За Санчо кој сега игра за Челси, плаќаме половина од неговите примања. Ова лето ќе платиме и 17 милиони фунти за него.

„Дел од нив не се доволно добри, дел се преплатени. За ние да направиме тим за кој ќе бидеме одговорни ќе ни биде потребно време. Ни треба време да го надминеме минатото“, вели Ретклиф.

Се вчитува...