Ретклиф го „пикираше“ првото засилување за Манчестер Јунајтед

Новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф веќе ги прави плановите за освежување на тимот во текот на летниот преоден рок. Ретклиф планира да вложи добри пари за да го засили тимот за следната сезона. Според „Калчомеркато“, веќе го пикирал првото засилување за екипата.

Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер. 26-годишниот Бразилец има одлична сезона со „бјанконерите“ и го привлече вниманието кон Ретклиф, кој во него гледа идеален дефанзивец за следните неколку години.

Сепак, проблем е тоа што Бремер пред неколку недели потпиша нов договор со Јувентус, и ќе мора да плати над 70 милиони евра ако сака да го добие неговиот потпис.

Се вчитува...