Идниот нов косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф во понеделник се очекува да откупи 25% од акциите на клубот, а потоа планира чистка во раководството на „црвените ѓаволи“.
Според „САН“ британскиот милијардер е подготвен да отпушти тројца директори: Ричард Арнолд (извршен директор), директорот за фудбал Џон Муртаг и директорот за фудбалски операции Дејвид Харисон. Причината е поради лоши, а скапи купувања на трансфер пазарот.
Клубот потроиш 1,4 милијарди фунти по заминувањето на Сер Алекс Фергусон и забележа релативно мал успех со тие засилувања. Во последните години се издвојуваат трансферите на Пол Погба, Антони, Мегваер, Лукаку, Санчо. Во „ерата“ на Тен Хаг се потрошени 374 милиони фунти.
Ретклиф е во преговори со Џоел Глејзер за промена на целата структура на тимот. Позицијата на Тен Хаг засега не е загрозена, и покрај поразот пред неколку дена од Копенхаген во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА