Јувентус стигна до петтата победа во низа во Калчо-лигата откако како гостин го совлада Лече со 0-3, уште еден дуел на кој човек на одлука беше Душан Влаховиќ. Србинот ги постигна двата гола за „старата дама“, зголемувајќи го својот придонес во последните пет средби на шест гола и две асистенции, со што Влаховиќ е меѓу најзаслужните што Јуве се искачи на првото место на табелата, со еден бод предност и натпревар повеќе во однос на Интер.
Првото полувреме мина без премногу возбудувања, двата тима многу повеќе внимаваа на сопствениот, отколку на загрозување на противничкиот гол.
Тоа се промени во вториот дел, откако во 58. минута Влаховиќ стрелаше прецизно за 0-1, по центаршутот на Камбијасо од левата страна. Јувентус уште повеќе доби на самодоверба, продолжи да го контролира темпото и заслужено поведе и со 0-2, Влаховиќ стигна до 11. гол сезонава откако од непосредна близина ја внесе топката во мрежата по беспрекорниот центаршут на Костиќ и ударот со глава на Мекени.
Лече капитулираше и воопшто не создаваше шанси во шеснаесетникот на „старата дама“, додека Јуве на спротивната страна постигна и хет-трик, Бремербеше стрелец со главапо центаршутот на Илинг Џуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

