Колку и да звучи неверојатно, старите ривали Ленокс Луис и Витали Кличко се враќаат во рингот. Но, 15 години по легендарниот меч во кој Луис го порази Кличко и му ја одзеде титулата светски шампион, реваншот ќе биде партија шах!
Градоначалникот на Киев иницираше Кличко и Луис повторно да се вратат во рингот на реванш. Двајцата поранешни боксери се согласиле со идејата и реваншот е договорен да се одржи во октомври. Но, наместо бокс, легендите ќе играат шах.
„Ќе одиграме шаховски меч во боксерски ринг. Премногу сме стари сега одново да ги навлечеме ракавиците. Ќе биде интересно сега еден со друг да ги вкрстиме мозочните виуги, наместо тупаниците“ – изјави 52-годишниот Ленокс Луис.
Украинецот е пет години помлад, а како шанса за враќање во рингот ја искористи годишната конвенција на ВБЦ што ќе се одржи во Киев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА