Ревија на спектакуларни голови: Еспањол со пресврт го реши Атлетико (ВИДЕО)

Во натпревар со спектакуларни голови, Еспањол со пресврт славеше со 2-1 против Атлетико Мадрид на стартот од новата сезона во Ла Лига.

Ревијата на супер-погодоци ја почна Алварез во 37. минута кој директно од слободен удар донесе водство од 0-1 за Атлетико Мадрид.

Но, во второто полувреме, најпрво Рубио во 73. минута израмни на 1-1.

А, потоа во 84. минута нов неверојатен гол, овој пат на Пере Миља со глава за победа на Еспањол од 2-1.

Се вчитува...