Ливерпул се пласираше во 1/16-финалето на англискиот ФА Куп, откако триумфираше на домашен терен со 4-1 против Барнсли.
„Црвените“ по само 35 минути игра ги постигнаа двата погодоци со кои си ја осигураа победата.
Најпрво, уште во 9.минута Унгарецот Собослаи постигна спектакуларен гол за 1-0, а потоа во 35. минута погоди и Фримпонг, на асистенција на МекАлистер, за водство и од 2-0.
Противникот успеа да намали со голот на Филипс во 40. минута.
Во второто полувреме, Вирц со нов супер-гол во 84. минута зголеми на 3-1.
А, во 94. минута Екитике ја запечати победата за конечни 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

