Во рамките на прославата на 70-годишнината од формирањето на КК Вардар која денеска се одржа во салата „Кале“ во Скопје, беа одиграни и два ревијални натпревари.
На прославата на која присуствуваа многу легенди на клубот и македонската кошарка, но и спортот воопшто, пропратена со забавна програма, ревијални дуели беа одиграни меѓу ЖКК Вардар и селекција од Спортската академија која беше предводена од легендата на македонската кошарка, Стојна Вангеловска.
Ревијален дуел одиграа и машкиот сениорски тим на Вардар против селекција на поранешни кошаркари на клубот.
[new_royalslider id=”657″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА