Фудбалерите на украински Динамо одиграа натпревар од Лига Европа против Лацио како домаќини во Хамбург на стадионот „Фолкспарк“, на место каде што не се баш добредојдени.
Натпреварот заврши со убедлива победа на Римјаните (0:3), но натпреварот, освен тоа, го одбележа и бунтот на навивачите на Хамбургер против управата на нивниот клуб.
„Нашиот стадион може да се изнајмува лесно како што се издаваат станови на апликацијата Airbnb“ , стои во транспарентот во Хамбург.
Тие протестираа незадоволни поради тоа што клубот го отстапи стадионот на тимот на Динамо Киев да ги игра домашните натпревари од европските купови. Шахтјор, пак, се одлучи домашните мечеви од Лигата на шампионите да ги игра на арената на Шалке во Гелзенкирхен, додека лани и овој тим играше во Хамбург.
Динамо го избра Хамбург за домашните натпревари бидејќи Шахтјор минатата сезона пред речиси 40.000 навивачи ја играше Лигата на шампионите на истото место, што го натера претседателот на Киев, Игор Суркис да помисли дека може да се види иста или слична сцена за неговиот натпревари на тимот.
Но, тоа беше многу лоша проценка – натпреварот меѓу Динамо и Лацио го следеа едвај 8.000 навивачи.
А Римјаните се најатрактивните ривали на Динамо Киев во групата, а потоа следуваат Ференцварош и Викторија Плзен, па на следните два натпревари може да се очекува и помала бројка на навивачи.
„Прашањето е кој ќе ги плати загубите, бидејќи никој нема да заработи пари од ваков интерес на натпреварите – ниту Украинците, ниту Германците. Се покажа дека Динамо не е интересен за никого во Хамбург “, коментира еден новинар од германски Билд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА