Револуција во фудбалот: Се воведува портокалов картон

Меѓунардониот одбор на фудбалските федерации задолжен за одобрување на промени во фудбалот би можел на почетокот на следната година да потврди револуција во оваа игра во воведување на портокалов картон покрај црвен и жолт.

Истиот ќе се доделува на фудбалери за недолично однесување и ќе има улога како двеминутната суспензија во ракометот со тоа што шпекулациите велат дека казната во фудбалот ќе биде десетминутна пауза покрај теренот.

За разлика од црвениот и жолтиот, портокаловиот картон нема да го покажува судијата, туку истиот ќе биде преку видео-бимовите на стадионите. Тестирањето на новите правила би можеле да започнат уште следната сезона во Премиерлигата, откриваат англиските медиуми.

Се вчитува...