Раководството на Евролигата се реши за значајна промена почнувајќи од следната сезона, воведувајќи данок на луксуз кога станува збор за лимитот на плати на клубовите во елитното европско натпреварување.
Според новото правило, осум милиони евра е границата што клубовите нема да смеат да ја минат при буџетот за плати, во спротивно ќе треба да го платат овој данок, но за нивна среќа постојат и одредени исклучоци.
Така, при пресметувањето на овие бројки во вкупниот буџет нема да се сметана двајцата најплатени кошаркари во секоја екипа, на оние играчи кои се повредени подолг временски период и на младите кошаркари под 23 години.
Правилото беше официјално воведено денеска, а останува да се види како ќе функционира од стартот на новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА