Револуцијата продолжува: Преносите на Премиер-лигата ќе изгледаат како на видео-игра, и тоа веќе од оваа сезона

Фудбалот претрпе сериозни промени во последните неколку години, а ќе остане во чекор со технологијата и во тие што следат. Оваа сезона започнувајќи од Премиер-лигата ќе добиеме и нов начин на следење на натпреварите кој ќе го овозможи компанијата „Genius Sports“.

Неодамна лигата потпиша договор со компанијата која подготвки софтвер кој ќе овозможи во реално време да се следи брзината на играчот кај кој е топката, брзината на ударите и нафрлувањата, а исто како и на попупарната ФИФА, на дното на екранот ќе има радар кој ќе го покажува движењето на играчите во секој момент.

На располагање ќе бидат и други податоци кои досега беа резервирани за скаутинг службите, а по завршување на натпреварот сите клубови во првенството ќе имаат детална статистика за секој играч. Како што ќе се развива софтверот така ќе добиваме и разни промени, а „дебито“ новиот начин на следење на натпреварите ќе го има веќе во вториот дел од сезоната во англиската елита.

Интересно, според пишувањата на англиските медиуми натпреварите ќе доцнат осум секунди со кои ќе се овозможи софтверот да го преработи податокот и го преврли до преносот.

Се вчитува...