Револуцијата продолжува: Топка со микрочип ќе им помага на судиите на Евро 2024

Револуцијата на УЕФА во потрага по совршенство продолжува и на Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија. Таму ќе биде претставена новата топка со вграден микрочип кој се очекува да помогне во одлуката дали имало игра со рака и дали имало недозволена ситуација.

Производителот на топката има вградено во неа технологија која ќе го снима секое движење и ќе помогне во донесувањето одлуки за ВАР, комбинирајќи со веќе постоечката технологија за создавање на слика во три димензии која ќе ја означи точната точка на допир.

Сепак конечната одлука за тоа дали имало намерна игра со рака ќе биде доделена на судијата.

Се вчитува...