Револуционерна идеја: Поранешни фудбалери стануваат судии!?

Хауард Веб се врати во англискиот фудбал по пет години минати во Америка, а на новата функција бара промени во начинот на избор на судиите. Тој долги години беше еден од најпознатите англиски судии, а од неодамна е и шеф на судиите на Премиер-лигата.

Моментот во кариерата на Веб дојде во 2010 година кога го судеше финалето на Светското првенство во Јужна Африка. На својата нова позиција во организацијата на англиските судии, тој вети дека ќе воведе нови промени со поддршка за вклучување на судии од различни општествени спектри, како и на повеќе жени во проектот.

Сепак, клучната промена која Веб се обидува да ја донесе е вклучување на поранешни играчи во судиската работа.

„Треба да ги разгледаме сите аспекти на развојот на судиите, вклучително и охрабрувањето на поранешните играчи да станат судии. Верувам дека тоа е извор на талент кој недоволно се користи. Не очекувам дека тоа би можеле да бидат играчи кои се натпреваруваа на највисоко ниво, тие секогаш ќе имаат поатрактивни понуди за продолжување на кариерата. Сепак, гледајќи ги пониските лиги, од аматерски фудбал до втора и трета лига, сигурен сум дека има поранешни играчи кои би биле подготвени да преземат нов предизвик во кариерата“, вели Веб. 

Се вчитува...